Во близина на село Мали Влај, Струшко, 40-годишник е уапсен откако кај него беше пронајдена марихуана, во акција на Мобилниот тим „Task Force“ за сузбивање на недозволена трговија со дрога.
Вчера во 15:45 часот во близина на село Мали Влај, струшко, Мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад- Охрид, во рамки на преземените мерки за сузбивање на недозволената трговија со дрога, го лиши од слобода 40-годишниот Б.Т., затоа што при преглед кај него е пронајдена марихуана.
Известен е јавен обвинител од ОЈО Струга и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.








