Додека бројни супермодели и ѕвезди блеснале на модниот настани во Милано, „врвот“ на вечерта сепак не им се допаднал на сите.
Имено, синоќа во центарот на италијанскиот град се одржа „Вог Врлд“ (Vogue World), настан со кој се слави модното наследство на големите дизајнери, со што била отворена и Модната недела. Но, врвот на вечерта биле – роботите танчари.

По модната писта во галеријата „Виторио Емануеле II“, на настанот што се одвивал во неколку чинови, се прошетале супермодели како Џиџи Хадид, Адријана Лима и Ирина Шајк, како и ѕвезди од светот на спортот, музиката и филмот, како Џенифер Лопез, Арина Сабаленка, Џеј Балвин и Машин Ган Кели, додека пеела Алиша Кис.

Меѓутоа во еден момент од вечерта на пистата се појавиле хуманоидни роботи. Футуристичките роботите се појавиле во делот што бил посветен на технологијата и ги воодушевиле присутните, а точките биле поделени од минатото, сегашноста и иднината на модата. Но, на социјалните мрежи тој момент предизвика бројни расправии, бидејќи корисниците сметаат дека роботите воопшто не треба да бидат дел од модна ревија.
Роботите се прошетале по пистата и комуницирале со публиката, а во еден момент и им мавтале, додека во заднина свирела песната „L’Amour Toujours“. Овој чин „Вог“ го опиша како поглед кон паметната и одржлива мода која сега и во иднина ги поврзува технологијата и дизајнот. Но, тоа привлече внимание со оглед на фактот дека акцентот на настанот бил ставен на „човечкиот допир“.
Под видеото што го објавија на социјалните мрежи, се појавија бројни коментари од гледачи кои не беа воодушевени од појавувањето на роботите на модниот настан. „Зошто? Никој не го сакаше ова“, „Смртта на модните настани пред ваши очи, луѓе“, „Ова искрено е срамно“, „Интересно е да се видат познати личности, кои со години ги градеа своите кариери, како им аплаудираат на роботите што се движат по пистата додека тие самите седат. Знак на времето“, „Ова не е мода“, „Сигурно се шегувате“ се само дел од коментарите.
Ова се случува во момент кога и самиот „Вог“ се најде во центарот на вниманието во изминатите неколку месеци, бидејќи во своите списанија користел модели создадени со вештачка интелигенција наместо вистински луѓе, додека роботите продолжуваат да се појавуваат на сè повпечатливи начини. Според пишувањето на „Фешн тајмс“ само неколку дена пред овој „Вог Врлд“ во Милано, истото се случило и во Сеул, каде што роботиката била претставена на модната писта.












