Германски судии задолжени за арбитражата на дуелот меѓу Македонија и Швајцарија

Дерби

24/09/2026

14:48

243

Големина на фонт

а а а

Македонија ќе дебитира во Б сегментот на Лигата на нации и тоа против силен противник каков што е Швајцарија, а УЕФА веќе ги одреди судиите за натпреварот во Скопје.

На центарот ќе биде германскиот судија Даниел Шлагер, интернационален арбитар кој полека, но сигурно се пробива на европската фудбалска сцена, а ќе треба да се погрижи за имплентирање на правилата на Арената „Тодор Проески“.

Помошници на Шлагер ќе бидат неговите сонародници Вашицки и Фрич, а Германци ќе бидат и во ВАР собата (Бранд/Кортус).

Натпреварот Македонија-Швајцарија се игра во сабота од 20:45 часот.

Влезните билети за дуелот од Лигата на нации може да се купат на следниот линк.