[ФОТО] Малерозниот фан на Јунајтед оствари средба со Аморим и откри каква порака добил од Португалецот за долгата коса

Дерби

25/09/2026

10:58

217

Големина на фонт

а а а

Франк Илет се претвори во еден од најпопуларните фанови на Манчестер Јунајтед во последните две сезони, но исто така го доби и статусот на најмалерозен поради предизвикот кој го води повеќе од 700 денови.

Илет се предизвика себеси и најави дека нема да се потстрижи се додека неговиот омилен тим не победи на пет меча во низа, па иако беше блиску до тоа во неколку наврати, Јунајтед се сопнуваше на последната или претпоследната пречка.

Тоа направи Илет да има навистина долга и бујна коса и во овој момент навистина не може да се предвиди кога ќе дојде до крај на неговиот предизвик, но во меѓувреме стана многу популарен и стана дел од познати фудбалски кампањи.

Младиот Англичанец бил дел од фудбалскиот самиот кој се одржа во Португалија во изминативе неколку дена, а таму успеал да се сретне и со Рубен Аморим кој е еден од виновниците за неговата долга коса.

Илет на социјалните мрежи објави фотографија на која се гледа како позира со поранешниот менаџер на Јунајтед, но истовремено откри и каква порака добил од Рубен.

– Беше одлично што го видов Рубен Аморим на португалскиот фудбалски самит. Тој ме виде, го впери прстот кон мојата коса и ми порача „извини за ова“. Се уште чувствувам љубов кон него!, – порача Илет.