Пустината Атакама, едно од најсувите места на Земјата, процвета поради обилните дождови поврзани со климатскиот феномен Ел Нињо, што резултираше со природен феномен наречен „цветна пустина“ со прекриени пространства од различни цветови.
Пустината Атакама во северниот дел на Чиле, позната како едно од најсувите места на планетата, процвета по обилните дождови поврзани со климатскиот феномен Ел Нињо.
Огромни пространства кои вообичаено се суви и без вегетација сега се прекриени со виолетови и бели цветови, во природен феномен познат како „цветна пустина“.
Под површината на Атакама со години мируваат семиња и луковици од околу 200 растителни видови. Обилните врнежи обезбедиле доволно влага за нивно никнување и цветање.
Во некои области паднале повеќе од 180 милиметри дожд. Според Сезар Пизаро од Чилеанската национална шумарска корпорација, станува збор за количина која досега не била забележана.
Водата навлегла подлабоко во песокот и овозможила појава на вегетација во природниот резерват, на околу 800 километри северно од главниот град Сантјаго.
Extraordinary scene in the Atacama desert of South America.
Historically one of the world's driest locations has been completely transformed by heavy El Nino rain, leading to the proliferation of stunning flowers from long-dormant seeds. https://t.co/WN5Mw3SMtB
— Iain Cameron (@theiaincameron) September 23, 2026
Од чилеанската шумарска корпорација очекуваат феноменот да го достигне врвот во октомври. Според нивните проценки, цвеќиња би можеле да прекријат околу 15 илјади хектари.
Цветањето следува по интензивни врнежи поврзани со Ел Нињо, климатски феномен кој се карактеризира со затоплување на површинските води во централниот и источниот екваторијален дел на Тихиот Океан.
Ел Нињо може да ги наруши вообичаените обрасци на ветрови и врнежи и да предизвика екстремни временски услови во различни делови од светот.

Обилните дождови во Чиле во јули, покрај природниот феномен, предизвикале и сериозни последици. Според податоците објавени во извештајот, најмалку 13 лица загинале, а околу 4.000 домови биле уништени или значително оштетени.
Влијанието на Ел Нињо се следи и во други делови од светот. Во Калифорнија е прогласена вонредна состојба поради очекуваните последици од феноменот, вклучително и можноста за силни бури, обилни врнежи, поплави и одрони.
Американските власти активирале дополнителни ресурси и ги засилиле подготовките за одбрана од поплави, додека на населението му е препорачано да ги следи предупредувањата и да има план за евакуација.











