Килијан Мбапе постигна гол со кој Франција победи на гостувањето кај Турција, но ги загрижи фановите откако неколку минути подоцна мораше да го напушти теренот.
Францускиот капитен се пожали на повреда на коленото, а истата е потврдена и од федерацијата, која потврди дека Мбапе ќе се врати во Мадрид и ќе биде прегледан и од лекарскиот тим на Реал.
Засега не може точно да се каже колку сериозна е повредата на Мбапе, но една изјава на негов колега од националниот тим ги загрижи фановите.
Максенс Лакроа беше стартер за „триколорите“ на вчерашниот дуел, а по средбата потврдил дека Мбапе има сериозен проблем.
– Првично бевме концентрирани на натпреварот, но кога се вративме во соблекувалната сфативме дека проблемот е сериозен.
– За нас е голема разлика кога Мбапе не е во составот и му посакувам брза рехабилитација, – рекол Лакроа.








