На Манчестер Сити му одземаат бодови и титули? „Виновни се за 114 од 115 обвиненија, мамеле“

Точка

25/09/2026

19:44

1.009

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити би можел да остане без бодови и освоени титули, би можел да биде сериозно парично казнет, па дури и исфрлен од Премиер лигата. Истрагата утврдила дека од 115 точки од обвинението, не се виновни само за една.

Не дека тоа не се знаеше и претходно, но сега „The Athletic“ објавува дека Манчестер Сити е виновен! Клубот веќе неколку години е под истрага поради прекршување на финансиските прописи, а како што се наведува во текстот, „Манчестер Сити е виновен по речиси сите точки од обвинението“. Во периодот опфатен со истрагата, клубот предводен од Пеп Гвардиола освои три титули во Премиер лигата, два ФА купа, четири Лига купа и еден Комјунити шилд.


Во ноември 2024 година на Манчестер Сити му се закануваше дури и исфрлање од лигата, а Пеп Гвардиола тогаш изјави дека ќе остане во клубот дури и ако тоа се случи. Сепак, немаше никакви санкции, а во последниот преоден рок Сити потроши речиси 500.000.000 фунти. Сити е виновен во 114 од 115 случаи, па затоа следува казна.


А какви казни сега ги очекуваат?

Постојат многу опции за казнување на Манчестер Сити поради прекршувањето на бројни правила. Тие варираат од предупредувања и парични казни, преку одземање бодови, па сè до исфрлање од Премиер лигата. Исто така, можно е и ретроактивно одземање бодови, што би значело дека на Манчестер Сити би можеле да му бидат одземени и титули. Сепак, адвокатите не му даваат големи шанси на таквото сценарио.


Во 2021 година Сити ја освои титулата со 12 бода повеќе од Јунајтед, па тука во секој случај би биле безбедни. Сепак, една година подоцна имаа само еден бод повеќе од Ливерпул, во 2023 година пет повеќе од Арсенал, а во 2024 година два повеќе од „топчиите“.


Што велат од клубот?

„Постапката на Премиер лигата сè уште трае, при што треба да бидат завршени уште значајни делови од процесот, а сè е предмет на строга доверливост. Согласно со тоа, ставот на Манчестер Сити останува ист како во соопштението на клубот од февруари 2023 година. Клубот во текот на осум години совесно се придржуваше до пропишаната постапка, поаѓајќи од тоа дека Управниот одбор и извршното раководство на Премиер лигата ќе се однесуваат како независен, непристрасен и правичен регулатор, без влијание на какви било партиски интереси“, наведоа од Сити на прашање на „The Athletic“.