Прославената манекенка Клаудија Шифер (56) докажа дека годините се само бројка, покажувајќи ја својата манекенска фигура во минијатурно бикини за време на одморот на Медитеранот.
Провокативните објави не се толку чести на нејзиниот профил, но Клаудија сè уште сака да воодушевува и со кратки фустанчиња.
Познатата Германка овојпат изненади во костим за капење со црвено-бели пруги, додека деталите во боја на праска создадоа оптичка илузија, па сето тоа потсети на „невидливо“ бикини. Едноставно стилизираната коса и целосно природниот изглед беа вистински празник за очите на нејзините следбеници на социјалните мрежи.
„Бескрајно лето“, напиша таа под фотографијата, откако објави неколку фотографии од својот одмор, меѓу кои и една на која носи бел фустан со црвени точки.
Пријателите и обожавателите на Клаудија ѝ упатија бројни комплименти во коментарите. Комичарката Челси Хендлер напиша: „Навистина изгледаш нереално“, додека еден обожавател додаде: „Сè уште најубавата“.
„Девојка од соништата“ и „Најубавата жена на светот“ беа само дел од останатите коментари.
Воедно, фотографиите на Шифер во бикини можеби се и последните за оваа година, со оглед на тоа што летото веќе заврши, а славните убавици се насочуваат кон некои други предизвици.