Првиот човек на Сити го прекина молкот: Сакаат да го поткопаат замавот на нашиот клуб, но нема да им дозволиме

Дерби

26/09/2026

18:17

326

Големина на фонт

а а а

Позицијата на Манчестер Сити останува непроменета откако независно тело процени дека клубот е прогласен за виновен поради сериозни кршења на правилата за финансиски фер-плеј, па иако во Англија се крена голема прашина дека ретроактивно можат да бидат одземени и освоени шампионски клубови, водечките структури остануваат максимално смирени во овој момент.

Манчестер Ситит уште вчера се огласи со соопштение со кое се обиде да ги смири своите фанови, а денеска со свое обраќање до јавноста се јави и првиот човек на клубот, Калдун Ал Мубарак.

– Дел сум од овој клуб веќе 18 години. Имав чест да бидам со вас на „Итихад“, на „Вембли“ и во Истанбул. Овој клуб ми значи многу, а вие постојано ми покажувавте и кажувавте колку „Манчестер Сити“ ви значи вам. Токму затоа ви се обраќам денес, – гласи почетниот дел од пораката, посветена на фановите.

– По медиумските извештаи од петокот, многумина од вас сигурно ја поминале вечерта одговарајќи на прашања и пораки од пријатели, семејството и колеги. Така беше и со мене. Еве што му кажав на моето семејство: процесот кој го води Премиер-лигата сè уште е далеку од завршница, а нашата увереност и решеност да ја докажеме невиноста на клубот се исто толку силни како и на почетокот.

– Има толку многу работи што би сакал да ги споделам со вас за да разберете зошто сме толку сигурни во нашата позиција. Но, строгата доверливост на правниот процес и нашата решеност да ја почитуваме значат дека во моментов не можам да го сторам тоа. Дури и ова писмо помина низ неколку правни проверки за да се осигураме дека е во согласност со правилата.

– Иако некои луѓе брзаат со своите заклучоци и околу нас се крева голема врева, ништо не е променето. И претходно сме се соочувале со предизвици заедно и сме излегувале како победници. Сè уште има многумина кои сакаат да го поткопаат замавот на нашиот клуб. Нема да им ја дадеме таа можност.

– Нè очекуваат возбудливи моменти по оваа репрезентативна пауза. За две недели гостуваме на „Енфилд“, а потоа го пречекуваме Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите на стадионот „Итихад“ – моменти што ни даваат можност да ја прославиме силата на семејството на Манчестер Сити. Ви благодарам, како и секогаш, за вашата постојана поддршка, – гласи пораката на првиот човек.