Повеќе од 600 илјади верници се собраа во Париз за миса со папата Лав XIV во текот на неговата четиридневна посета на Франција. Посетата се одвива во време на криза во Католичката црква поради скандали и носи пораки и предупредувања за глобални предизвици, како и развојот на вештачката интелигенција.
Повеќе од 600 илјади верници се собраа во Париз на миса со папата Лав XIV, во рамките на неговата четиридневна посета на Франција.
Плоштадот Конкорд и околните улици беа преполни со верници кои уште пред зори пристигнаа со ватикански знамиња. Поради посетата, полицијата затвори повеќе улици низ кои папата помина со папамобилот.
Посетата на Лав XIV доаѓа во период кога Католичката црква во Франција се соочува со последиците од низа скандали поврзани со сексуално злоупотребување.
Папата во последните месеци говори и за пошироките глобални предизвици. Во петокот, на седиштето на УНЕСКО во Париз, предупреди дека Обединетите нации и другите мултилатерални организации се соочуваат со криза.
Говорејќи за развојот на вештачката интелигенција, Лав XIV повика на преиспитување на нејзината иднина и предупреди на можноста за свет во кој, како што рече, „рајот на машините“ би ја презел контролата врз Земјата.
INCROYABLE
There are close to a million people at the Arc de Triomphe in Paris to see Pope Leo XIV
These scenes are unbelievable pic.twitter.com/qgtuhdRIcP
— Catholic Arena (@CatholicArena) September 26, 2026
Франција, иако историски католичка земја, со децении бележи пад на бројот на граѓани кои се изјаснуваат како католици. Според податоците на францускиот статистички институт, денес 25 проценти од Французите на возраст од 18 до 49 години се изјаснуваат како католици, наспроти 43 проценти пред десет години.
Сепак, Француската бискупска конференција бележи пораст на бројот на возрасни кои се крштеваат. На Велигден годинава бил забележан рекорден број од околу 21 илјада крштевки на возрасни.
На средбата со новокрштените католици во Париз, папата порача дека црквата не треба да биде „наивно оптимистична“ поради овој пораст, туку да го препознае и заштити, како што рече, „малиот пламен“ кој повторно се појавува.
По Париз, Лав XIV во сабота патува во Лурд, познатото католичко светилиште. Таму во недела ќе се сретне со седум Французи кои се жртви на сексуална злоупотреба од свештеници.











