Лука Тони за играчот кој му недостасува на калчолигашот: Јувентус направи грешка што го пушти

Дерби

29/09/2026

11:23

554

Големина на фонт

а а а

Јувентус е еден од великаните на италијанскиот фудбал, но одново голем знак прашање е што „бјанконерите“ можат да направат во оваа сезона пред се во борбата за трофеи.

„Старата дама“ има обврски на домашната сцена. тука е и Лигата на Европа, сериозни обврски, предизвици за клубот кој мора да биде амбициозен без разлика на проблемите кои постојат.

Некогашниот италијански репрезентативец Лука Тони смета дека Јуве има направено една голема грешка во летниот преоден рок, претходните месеци, а тоа е лесното откажување од Душан Влаховиќ кој како слободен играч на крајот заврши во Бешикташ.

-Душан е класична деветка во вистинската смисла на зборот. Ниту Коло Муани ниту Ник Волемаде не можат да го достигнат неговото ниво кога станува збор за постигнување голови во шеснаесетникот. Тој е многу посебен играч со карактеристики што го издвојуваат. Јувентус направи грешка што го пушти, -истакна Тони.