Откриено како Диди живее во затвор: Алкохол, мобилен телефон, други затвореници чистат по него и му готват…

Точка

30/09/2026

15:30

730

Големина на фонт

а а а

Озлогласениот музички магнат Шон Диди Комбс наводно живее луксузно во федералниот затвор Форт Дикс во Њу Џерси, откако беше осуден на 50 месеци затвор за кривични дела поврзани со проституција.

Извори за „NBC News“ откриле дека музичарот има пристап до телефон и алкохол, како и луѓе околу себе кои му ги исполнуваат сите желби и потреби.

Комбс наводно троши илјадници долари месечно за да може и понатаму да води раскошен начин на живот, тврдат четворица мажи кои престојувале во истиот затворски оддел со поранешниот музички продуцент.

Изворите наведуваат и дека Диди во затворот има мажи кои му готват и чистат, му го местат креветот и му ја перат облеката. Исто така, има и лице кое редовно го масира.


Мажите откриле и дека Диди користи мобилни телефони, кои инаку не се дозволени, за да прегледува Инстаграм и да гледа експлицитни фотографии што му ги испраќа поранешната девојка. Освен тоа, успеал да набави и таблет на кој гледа филмови и документарци.

Диди наводно набавува и лекови за други затвореници кои страдаат од депресија и анксиозност, но ги купува на развиениот затворски црн пазар. „Можеш да набавиш речиси сè, освен клуч од влезната врата и жена“, изјавил еден од поранешните затвореници.

Мажите за медиумот откриле и дека Комбс за време на викендите посегнува по тајна резерва алкохолни пијалаци што ги прошверцувале чуварите и дека ги дели со тесен круг други затвореници.

За да ги задржи луксузните „погодности“, на некогашниот милијардер лица надвор од затворот им уплаќаат пари на сметките на затворениците кои му обезбедуваат одредени услуги. Еден од тие затвореници наводно ги чисти тоалетот и просторот за туширање пред Диди да ги користи. Некои затвореници подготвуваат специјални јадења за Комбс, меѓу кои кари, пилешко, пица и емпанади.

„По некое време ми здодеа да готвам. Почна да им се обраќа на Јамајканците“, изјавил еден од мажите кој наводно подготвувал оброци за Диди и за другите затвореници.

Некои од затворениците наводно му ги чуваат мобилниот телефон и писмата од обожавателите. „Добива толку многу работи. Нема место за сè“, открил еден од мажите.


Диди во јули 2025 година беше осуден на затворска казна, а беше ослободен од сите потешки обвиненија, вклучувајќи рекетирање и трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација.

Набргу по изрекувањето на пресудата, адвокатите на Комбс успеале да издејствуваат тој да биде префрлен во Форт Дикс, поради многу барана програма за лекување од зависности што се спроведува таму, а чие посетување често доведува до намалување на затворската казна.

По пристигнувањето, Диди се вклучил во повеќемесечната програма, но многу брзо успеал да набави алкохол и почнал да им плаќа на затворениците за различни услуги.

„Забавата почна речиси истиот ден кога пристигна. Тој е милијардер. Луѓето му се восхитуваат. Парите се моќ, особено зад решетки“, изјавил еден од изворите.


По извештаите за луксузниот затворски живот на Комбс, се огласил и неговиот портпарол, кој изјавил:

„Постојаното анализирање на секој детаљ од животот на Шон Комбс во затвор достигна точка во која медиумите го претставуваат обичниот затворски живот како вест. Единствената вистинска вест е дека Шон и понатаму ја издржува казната додека ја чека одлуката на судот за неговата жалба“.

Датумот за излегување на Диди од затвор неодамна повторно беше променет. Озлогласениот музички магнат требаше да излезе на слобода во јуни 2028 година, но „Page Six“ деновиве објави дека датумот на неговото ослободување е поместен за јануари 2028 година.