Ким Џонг Ун има140 килограми? Јужнокорејската разузнавачка служба го процени неговото здравје и откри детали за ќерката наследничка

Супермен

30/09/2026

19:54

677

Големина на фонт

а а а

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, тежи околу 140 килограми и е изложен на зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања, но засега нема јасни знаци на сериозни здравствени абнормалности, процени јужнокорејската Национална разузнавачка служба (NIS).

Информациите биле изнесени на затворена седница на Одборот за разузнавање на јужнокорејското Национално собрание, а ги пренеле пратениците Јун Гун Јанг и Ју Јанг Ха, секретари на владејачката и опозициската партија во одборот.


Ким оваа година одржал 121 состанок, што е околу 30 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година.

Северна Кореја во моментов е повнимателна

Јужнокорејската разузнавачка служба навела и дека Пјонгјанг во изминатиот период бил повоздржан кога станува збор за провокативни воени активности.


Како една од можните причини се наведуваат неодамнешните напори насочени кон обновување на дијалогот меѓу Северна Кореја и Соединетите Американски Држави.

Ќерката на Ким Џонг Ун сè поприсутна во јавноста

Посебно внимание на јужнокорејската разузнавачка служба привлекла и ќерката на Ким, Ким Џу Ае, чии активности повеќе не се насочени само кон воени настани.


Таа сè почесто се појавува и во активности поврзани со прашања од секојдневниот живот на граѓаните, политиката и дипломатијата, а зголемено е и нивото на протоколарните активности во кои учествува.

„Позрел имиџ“ и сè поважна улога

Јужнокорејската служба проценила дека Ким Џу Ае е висока околу 160 сантиметри, тежи повеќе од 50 килограми и гради позрел имиџ преку носење костими.


Според проценката на јужнокорејската разузнавачка служба, нејзината сè поголема јавна присутност и повисокото ниво на протоколарни активности би можеле да укажуваат на зајакнување на нејзината позиција како можна наследничка.


Сепак, прашањето за наследувањето на власта во Северна Кореја и понатаму е предмет на проценки на разузнавачките служби, додека Пјонгјанг официјално нема потврдено дека Ким Џу Ае е одредена за наследничка на својот татко.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk