САД имаат нов проект за иднината на војувањето: Со него ќе раководи Маск

Макфакс

01/10/2026

15:06

1.066

Големина на фонт

а а а

Американскиот секретар за одбрана објави дека технолошкиот магнат Илон Маск ќе ја предводи иницијативата „Проект Меридијан“ на Пентагон која ја истражува иднината на војувањето, вклучувајќи автономни воени системи и вештачка интелигенција.

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет вчера објави дека технолошкиот магнат Илон Маск ќе преземе водечка улога во нов проект на Пентагон што ја истражува иднината на војувањето. Обраќајќи им се на припадниците на војската во базата на маринците „Квантико“ во Вирџинија, Хегсет изјави дека Маск ќе биде еден од лидерите на иницијативата позната како „Проект Меридијан“.


Целта на проектот е „креативно да се замисли иднината и да се идентификуваат областите што мораме да ги совладаме и способностите што мораме да ги усвоиме“, рече Хегсет. Секретарот за одбрана се осврна и на автономното војување – конкретно, на употребата на системи за оружје и вештачка интелигенција способни да функционираат и да извршуваат напади без директна човечка интервенција.

„Мораме да гледаме кон иднината за да обезбедиме технолошка и воена супериорност на бојното поле во децениите што доаѓаат“, изјави Хегсет.


Маск претходно соработуваше со администрацијата на Трамп.

Пентагон очекува резултатите од проектот да бидат претставени во рок од 120 дена.

Маск раководеше со Одделот за владина ефикасност (DOGE) – програма за намалување на трошоците иницирана од американскиот претседател Доналд Трамп – сè до крајот на мај 2025 година.

Преку тој оддел, тој спроведе значителни кратења и намалувања на бројот на вработени во владините агенции.