[ФОТО] Се сеќавате ли на ова момче од „Џери Мегвајер“? Денес изгледа непрепознатливо

Точка

01/10/2026

19:44

488

Големина на фонт

а а а

Можеби многумина го паметат од филмското платно како малото момче од хитови како „Џери Мегвајер“ и „Стјуарт Литл“ но поранешната детска ѕвезда Џонатан Липницки денес се појавува во сосема поинакви улоги.

Филмската ѕвезда (35) пристигна на премиерата на својот најнов филм „Primetime“ (Прајмтајм), психолошки криминалистички трилер за создавањето на NBC-серијата „To Catch a Predator“ (Да се фати предаторот). Станува збор за реалити-серија во која мажи биле фаќани откако наводно договарале сексуални средби со малолетници.


Главната улога ја толкува Роберт Патинсон, додека Липницки игра еден од „фатените предатори“.

„Претходно веќе глумев целосно гол во претставата ’Lost Girls‘, па тој дел не ми пречеше толку многу. Самиот педофилски елемент е застрашувачки за обработка, а потоа на тоа се додава и голотијата. Не само што си педофил – туку си и гол. Беше застрашувачки, најблаго кажано“, изјавил актерот за „ТХР“.


„Дури и откако го снимив, си помислив: ’Навистина се надевам дека ја донесов вистинската одлука.‘ Но се обидувам да живеам според идејата дека, кога станува збор за уметноста, ако нешто ве плаши, најверојатно токму тоа треба да го направите“, додал актерот.

За Липницки, ова е дури втор филм во кој глуми како возрасен, а кој ќе се прикажува во кината. Славата ја стекна уште на петгодишна возраст, кога покрај Том Круз и Рене Зелвегер глумел во филмот „Џери Мегвајер“ од 1996 година.


Тогаш го толкувал ликот на Реј Бојд, синот на ликот што го играл Зелвегер, станувајќи препознатлива детска ѕвезда. Таа улога му ја донела наградата „Critics‘ Choice“ за најдобра детска изведба, како и награда за млад изведувач.

Потоа го играл Џорџ Литл во филмот „Стјуарт Литл“ од 1999 година, а на истата улога се вратил и во продолжението три години подоцна. Се појавил и во филмот „Like Mike“ (Како Мајк), а остварил и мала улога во серијата „Dawson’s Creek“ (Досоновиот поток), по што неговата дотогаш брзорастечка кариера почна да забавува.


Подоцна раскажал дека соучениците го малтретирале откако станал познат, што придонело за неговата анксиозност и депресија.

„Секој ден во основно училиште се чувствував ужасно, до тој степен што секоја вечер пред училиште имав напади на паника бидејќи не знаев како ќе го издржам следниот ден“, напишал тој во 2017 година на социјалните мрежи, пренесе „Пејџ сикс“.


Притоа додал: „Благодарен сум за неверојатниот живот што го имам и се надевам дека на овој начин ќе испратам порака дека животот навистина станува подобар“.

Минатата година изјавил дека одбил неколку филмски улоги бидејќи не знаел кој треба да биде неговиот следен чекор.

„Да бидам целосно искрен, одбив околу пет филмови во последната година. Секоја вечер се молам да ми стане појасно во која насока треба да продолжам и убеден сум дека најдоброто допрва ме очекува“, изјавил за „Пипл“.