Пронајден кокаин кај 23-годишник од Охрид

Макфакс

02/10/2026

10:30

202

Големина на фонт

а а а

Мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи „Запад“-Охрид откри кокаин кај 23-годишно лице од Охрид во село Радолишта и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Денеска, мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи „Запад“-Охрид, во рамки на преземените мерки за сузбивање на недозволената трговија со дрога, во 00:15 часот, на локалниот пат во село Радолишта, струшко извршил преглед над лицето 23-годишниот Е.М. од Охрид, при што биле пронајдени неколку паковки со кокаин.

За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга.

Од страна на Регионалниот центар за гранични работи „Запад“-Охрид против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.