Барселона веројатно е екипата која покажа најмногу во првиот дел од сезоната, пред првата пауза наменета за репрезентации, екипа која доминантно ги доби сите средби во домашниот шампионат, но и ја наполни мрежата на Феенорд во Лигата на шампионите.
Меѓутоа тоа е само една почетна точка и сега во овој нов дел следуваат сериозни предизвици кои ќе дадат дополнителни одговори, период во кој на тренерот Ханси Флик ќе му бидат потребни сите играчи, играчи кои се мотивирани и кои ќе можат да го дадат и испорачаат она што се очекува од нив.
Некои од фудбалерите кои до лани беа стандардни паднаа во втор план и не се стартери, а еден од нив е Жил Кунде. Ерик Гарсија пред се добива простор пред него на позицијата десен бек, но Французинот не се жали и е спремен со борба, ангажираност и посветеност да му докаже на Флик дека заслужува да биде во почетната постава.
-Тоа е одлука на мојот тренер. Се чувствувам многу добро физички. Немам никаква повреда. Ако имам помалку време за играње, тоа се должи на минатата сезона кога бев далеку под моите стандарди. Тоа е последица и предизвик што го прифаќам со задоволство. Ќе морам да работам, што е она што вообичаено го правам. Од мене зависи да ги вратам моите најдобри чувства. Знам дека кога ќе бидам во најдобра форма, ќе имам време за игра, -порача Жил кој и француската селекција не е така редовон, па откако настапи против Турција остана на клупата за резерви против Италија и Белгија.








