[ФОТО] Дошла без градник и веднаш направила „хаос“: Црната боја никогаш не изгледала толку секси

Точка

09/10/2026

07:02

2.015

Големина на фонт

а а а

Џесика Бил напорно работи на промоција на својот нов филм, а паралелно прикажа и неколку инспиративни модни изданија.

Актерката Џесика Бил (44) се појави на премиерата во Њујорк на филмот „Matchbox the Movie“, во елегантно црно издание на модната куќа „Долче и Габана“. Бил носеше кроено црно сако со длабоко деколте, кое го комбинираше со долго црно проѕирно здолниште до подот.


Стајлингот го комплетираше со прекрасни висечки обетки и екстра долги екстензии стилизирани во бранови инспирирани од сирена. Нејзиниот фризер, Адир Абергел, за „People“ изјави дека користел екстензии со штипки долги од 56 до 61 сантиметар.

„Целта беше драматична промена која сепак изгледа сосема природно и убедливо, како да ја растела косата цело лето“, објаснил тој.


Интересно е и тоа што Џесика не носела било каков накит за оваа пригода. Според „Page Six“, актерката избрала обетки кои чинат 125.000 евра, секоја украсена со 41 дијамант.


За Џесика Бил, ова е првиот филм по реализацијата на „Shock and Awe“ од 2017 година. Во годините што следеа, актерката, која ги има синовите Сајлас и Финес со сопругот Џастин Тимберлејк, се појави во серии како „BoJack Horseman", „Limetown", „Candy" и „The Better Sister"