Агент на ICE пукаше во маж во Њујорк, во автомобилот имало и петгодишно дете

Макфакс

09/10/2026

07:30

277

Големина на фонт

а а а

Агент на американската Служба за имиграција и царина пукаше во маж во квартот Бронкс во Њујорк за време на операција за апсење на странски државјанин со криминално досие. Во автомобилот се наоѓало и петгодишно дете кое не е повредено. Градоначалникот и гувернерката на Њујорк осудија и најавија истрага, додека демонстрантите протестираат против акциите на ICE.

Агент на американската Служба за имиграција и царина (ICE) вчера застрела и рани маж во њујоршкиот кварт Бронкс. Одделот за внатрешна безбедност (DHS), под чија надлежност е оваа агенција, потврди дека нивниот службеник „употребил огнено оружје“.

Пукањето се случило за време на „целна операција за апсење странски државјанин со криминално досие, кој престојува во земјата илегално“. Во соопштението се наведува дека мажот е жив и се наоѓа во локална болница, пренесува Би-Би-Си (BBC).

Градоначалникот на Њујорк

, Зоран Мамдани, го оцени настанот како „неприфатлив и крајно сериозен“. „Според првичните информации, агентите го опколиле него и едно петгодишно дете во автомобил пред да испукаат повеќе истрели. Веруваме дека детето не претрпело физички повреди“, изјави Мамдани.

Гувернерката на државата Њујорк, Кети Хочул, доцна синоќа изјави дека разговарала за пукањето со претседателот Доналд Трамп. Таа му го пренела „револтот на граѓаните на Њујорк“ и побарала објавување на сите снимки од камерите што ги носат службениците на себе, „за да се утврдат фактите и да се открие вистината“. Трамп сè уште јавно не го коментирал инцидентот.

Одделот за внатрешна безбедност соопшти дека мажот, чиј идентитет не е официјално објавен, потекнува од Доминиканската Република. Тие наведуваат дека тој има „пресуда за тешка кражба и повеќекратни апсења за напад, грабеж и поседување дрога и оружје“. Одделот исто така тврди дека тој е поврзан со „Тринитариос“ (Trinitarios), група што Министерството за правда на САД ја опишува како транснационална криминална организација.

Мамдани најави дека ќе побара од претседателот Трамп да ги запре сите операции на ICE во градот. „Нема да стојам со скрстени раце додека агентите на ICE ги тероризираат нашите заедници“, напиша тој на социјалната мрежа X во вчера вечерта.

Група демонстранти се собраа на лице место. Тие извикуваа пароли како „Сакаме правда“ и „ICE – надвор од нашите улици“.