[ВИДЕО] МВР се пофали дека казнило уште еден „сообраќаец-приватник“ - лицето кое со албанско знаме во раце ги сопираше автомобилите во Скопје

Нетпрес

09/10/2026

09:00

919

Големина на фонт

а а а

„Од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, преземени се соодветни мерки кон лицето“, соопшти МВР, не наведувајќи ги мерките

По инцидентот пред Собранието, кога лице во „фолксваген голф“ го попречуваше сообраќајот во строгиот центар на главниот град за да поминат „неговите“, уште еден ист инцидент.

И во овој случај МВР се пофали дека „презело“ мерки против лицето што завчера со автомобил „форд“ го попречувал нормалното одвивање на сообраќајот на крстосницата на ул. „Васил Војвода Чакаларов“ во Скопје.

„Од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, преземени се соодветни мерки кон лицето“, соопшти МВР, не наведувајќи ги мерките.