Герасимовски: Асфалтиран дел од улица во Маџир Маало, ја подобруваме уличната инфраструктура во Центар

Макфакс

09/10/2026

14:40

231

Големина на фонт

а а а

Општина Центар ги подобрува улиците во населбата Маџир Маало со асфалтирање и подобрување на одводнувањето, овозможувајќи подобри услови за живеење и движење на жителите.

Општина Центар асфалтираше дел од улицата „Маџир Маало“ во населбата, на површина од 352 квадратни метри. Досега жителите на овој потег се движеа по земјена улица, без асфалтиран коловоз, информираат од општината.

Покрај асфалтирањето, како што е соопштено, уредено е и одводнувањето на улицата, со цел да се задржи атмосферската вода од коловозот. Со тоа, жителите добиваат подобри услови за движење и полесен пристап до своите домови.

„Од утре започнуваме со асфалтирање на дел од улицата „Истарска“ во Ново Маало. Овие зафати се дел од поширокиот план за реконструкција и обнова на уличната мрежа во Центар, што го ветив во програмата“, рече градоначалникот Горан Герасимовски.