[ФОТО] Голема трансформација на најзгодниот турски актер: Ги воодушеви обожавателите со новиот имиџ

Супермен

13/10/2026

12:52

712

Големина на фонт

а а а

Џан Јаман (36), еден од најпопуларните турски актери, кој веќе подолго време работи и живее во Рим поради бројните проекти поради кои се преселил од родниот Истанбул, го променил имиџот, а голема трансформација ја покажа на социјалните мрежи.

За големата промена на имиџот и стилот се решил поради нова улога, а актерот препознатлив по долгата коса и лежерниот стил, сега изгледа сосема поинаку. Тој има кратка коса и целосно избричена брада, а се претставил во две различни изданија.


На едната фотографија позирал лежерно, во маслинесто-зелена маица и со разбушавена коса, додека на другата изгледа значително посериозно, со залижана коса, очила за вид и елегантна облека. Сето тоа е за потребите на неговата нова улога – адвокат во комедијата „БРО“, која има осум епизоди.

На третата фотографија е прикажана прославата по завршувањето на снимањето на серијата, а Џан работел на овој проект од крајот на јули.

Изгледа дека серијата наскоро би можела да ја доживее својата премиера, а ќе се емитува ексклузивно на стриминг-платформата „Амазон Прајм Видео“.


Потсетуваме, ова не е првпат познатиот актер да направи ваква промена. Кратка коса имал и во неколку свои големи проекти, а стилот го менувал во зависност од улогата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk