Две лица нападнале 75-годишна жена додека влегувала во лифт во Аеродром и ѝ го одзеле паричникот

Макфакс

14/10/2026

16:06

207

Големина на фонт

а а а

75-годишна жена од скопската општина Аеродром била нападната и ограбена од две лица додека влегувала во лифт во станбена зграда. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Седумдесет и петгодишна жена од Скопје била физички нападната и ограбена од две лица додека влегувала во лифт во станбена зграда во скопската општина Аеродром.

Како што информираат од МВР, настанот бил пријавен вчера.

В.Т. (75) била нападната од две лица кои ѝ го одзеле паричникот со пари и лични документи.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.