[ФОТО] Меси се „почестил“ со луксузна јахта, погледнете како изгледа катамаранот долг 27 метри

Супермен

15/10/2026

17:41

489

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси (39) наскоро ќе ја збогати својата колекција луксузни пловила со нов катамаран. Славниот аргентински фудбалер нарачал модел „Ultima 88“ од полското бродоградилиште „Sunreef“, а со тоа им се придружи на бројни познати личности кои веќе избрале пловила од овој производител, меѓу кои се тенисерите Рафаел Надал и Карлос Алкараз, двократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, како и поранешниот возач во Формула 1, Нико Розберг.

„Многу ми е драго што станувам дел од семејството на „Sunreef““, изјави Меси. „Моето семејство и јас отсекогаш сме сакале да поминуваме време на море секогаш кога ќе ни се укаже можност за тоа“.

Луксузен катамаран долг речиси 27 метри

Катамаранот „Ultima 88“ е долг речиси 27 метри, а за првпат беше претставен пред јавноста во 2023 година, тогаш сè уште како концепт.

Станува збор за еден од најлуксузните модели од серијата „Ultima“ на „Sunreef“, кој го спојува изгледот на класичните јахти со пространоста, стабилноста и удобноста на катамараните. Првиот примерок беше пуштен во вода во април оваа година, а во моментов се градат уште неколку примероци.


Меси ќе го користи катамаранот и за деловни цели

Меси има намера да го вклучи новиот катамаран во својата флота пловила за изнајмување „MIM Ocean“, што ја развива во соработка со компанијата „Med Cat Yachts“. Флотата во моментов брои три помали катамарани од производителот „Bali Catamarans“, а пристигнувањето на луксузниот модел на „Sunreef“ значително ќе ја прошири понудата. Сепак, Меси не планира да го користи исклучиво за изнајмување, туку и самиот ќе поминува време на него со своето семејство.

„Јахтите на „Sunreef“ имаат стил и карактеристики што многу ми се допаѓаат и совршено одговараат на она што го барам“, додаде Меси. „Едвај чекам да го испробам „Ultima 88“ и да уживам на него со семејството“.


Има пет луксузни кабини и пространи тераси

Новиот катамаран ќе му понуди многу простор на Меси, на неговото семејство и на гостите. Внатрешноста вклучува простран сопственички апартман што се протега по целата ширина на пловилото, како и уште четири кабини за гости. На располагање ќе им бидат и големи надворешни палуби и пространа горна палуба, идеална за дружење, одмор и вежбање на свеж воздух.

Особено се истакнува просторот за релаксација во задниот дел на катамаранот, со тераси што можат да се расклопат и на тој начин да создадат голема платформа веднаш до морето. Овој дел е наменет за сончање, одмор и уживање во водените спортови, а во близина се наоѓа и гаража за воден скутер.


Ќе го придвижуваат два моќни мотора

„Ultima 88“ е достапен со класични дизел-мотори или со хибриден погон што овозможува намалување на емисиите на штетни гасови. Катамаранот може да биде опремен и со соларни панели вградени во површината на пловилото, кои ја претвораат сончевата енергија во електрична.

Катамаранот на Меси ќе има два мотора, секој со моќност од 1000 коњски сили. Од „Sunreef“ истакнуваат дека таквиот погон ќе обезбеди „совршена комбинација на брзина и управливост“.

Пловилото моментално се гради во современото бродоградилиште на „Sunreef“ во Обединетите Арапски Емирати.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk