Фрлен молотов коктел врз канцеларијата на Еди Рама

Макфакс

20/10/2026

20:31

251

Големина на фонт

а а а

Во близина на канцеларијата на албанскиот премиер Еди Рама, протестите ескалираа кога демонстрант фрли молотов коктел врз зградата, што доведе до силен полициски одговор со солзавец и водени топови. Демонстрантите продолжија со камења и блокади на улиците во Тирана.

Затишјето меѓу демонстрантите и полицијата во близина на канцеларијата на албанскиот премиер Еди Рама траеше околу два часа, а ситуацијата повторно ескалираше откако еден демонстрант фрли молотов коктел врз зградата, пренесуваат медиумите во регионот.

Полицијата одговори со солзавец и водени топови, објави „Јуроњуз Албанија“.

Потоа демонстрантите фрлaле камења врз полицијата, а според првичните информации, полицијата испукала и гумени куршуми.

Откако полициските сили ги растераа од булеварот, демонстрантите се разотидоа во неколку правци и продолжија да се собираат по околните улици и на плоштадот Скендербег.
Одредени групи запалија канти за отпадоци и ги оставија на средина од патот за да го блокираат преминувањето на полициските возила, пренесува медиумот.