Мелони: Речиси 200 полицајци се повредени во немирите, материјалната штета се проценува на околу еден милион евра

Макфакс

20/10/2026

21:02

129

Големина на фонт

а а а

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека речиси 200 полицајци биле повредени при немирите во Милано, додека материјалната штета се проценува на околу еден милион евра. Во немирите учествувале и млади луѓе, вклучувајќи малолетници, кои биле мотивирани преку видео повици на социјалните мрежи.

Речиси 200 полицајци беа повредени за време на немирите во последните неколку дена во Милано, а предизвиканата материјална штета се проценува на околу еден милион евра, изјави денес италијанскaта премиерка Џорџа Мелони.

Според неа, во немирите најмногу учествувале членови на „вообичаените антагонистички маргинални групи“, но и стотици многу млади луѓе, од кои голем број биле малолетници.

„Тие доаѓаа во мали групи, поканети преку видео повици на социјалните мрежи. Децата кои доаѓаа на плоштадот да кршат работи, крадат и се снимаат себеси додека го прават тоа. Ова е феномен со кој мораме сериозно да се справиме, а исто така и за да ги спречиме овие слики да станат модел за имитација“, рече Мелони.