Шведскиот актер Александер Скарсгорд на премиерата на филмот „Wicker“ во Лос Анџелес се појавил во плисирано карирано здолниште и маица со врамена фотографија од неговата колешка Оливија Колман.
Премиерата се одржа во вторникот во „DGA Theater“. За разлика од повеќето машки ѕвезди кои на црвениот килим се придржуваат до класичните костуми, Скарсгорд повторно избрал модна комбинација која предизвика бројни коментари.

Со ова издание, Скарсгорд само ја продолжил низата необични модни избори. На проекцијата на истиот филм во рамките на Лондонскиот филмски фестивал, тој носел златен костум од „Сен Лоран“ и проѕирни чевли инспирирани од платформата „Онлифенс“. Внимание привлекол и на Канскиот филмски фестивал во 2025 година, кога се појавил во високи кожени чизми од истиот бренд.

Меѓутоа овојпат во центарот на вниманието била црната маица со долги ракави. На предниот дел имала декоративна рамка со фотографија од Оливија Колман, односно кадар од филмот „Wicker“. Рамката била украсена со ситни црни детали, поради што маицата изгледала како врамена слика.

Маицата ја комбинирал со карирано здолниште од брендот „Чопова Лоуена“. Здолништето било плисирано и со неколку карирани дезени во нијанси на виолетова, зелена и сива боја. Половината ја нагласил со широк црн кожен ремен со метална тока, а изгледот го надополнил со класични црни чевли и црни чорапи.
На црвениот килим, Скарсгорд најпрво позирал со Оливија Колман и Елизабет Дебики, а потоа им се придружил и неговиот помлад брат, актерот Бил Скарсгорд.
Бил се решил за значително поедноставна комбинација – еднобоен костум во бордо нијанса, со едноставен крој и црни чевли.

Заедничкото позирање на браќата ја истакна разликата во нивните стилови. Александар носел разиграна модна комбинација со многубројни детали, додека Бил се одлучил за елегантно издание во една боја.