Кремљ се надева дека новата власт во Србија ќе ја продолжи соработката со Русија

Макфакс

26/10/2026

19:30

188

Големина на фонт

а а а

Кремљ сака да продолжи да ги развива односите со Србија, и покрај тоа што на парламентарните избори партијата на нивниот сојузник, поранешниот претседател Александар Вучиќ, загуби од Студентската листа, соопшти Москва.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додаде дека „за танго се потребни двајца“.

Песков, исто така, изјави дека Москва се надева оти новите студентски лидери на Србија ќе сфатат дека соратката со Русија е во интерес на нивната земја.

Според прелиминарните проценки, Студентската листа освоила 52,65 проценти од гласовите, додека „Обединета Србија“ на поранешниот претседател Александар Вучиќ освоила 39,22 проценти.

Трагедијата во Нови Сад поттикна масовни антивладини протести, кои по две години доведоа до избори на кои Вучиќ и неговата Српска напредна партија ја загубија власта по 14 години. Вучиќ прв ги објави резултатите, признавајќи го поразот на својата изборна листа.