Поради планирани работни активности на водоводната мрежа, утре (27 октомври) без вода ќе останат корисници во Батинци и на повеќе улици во скопската општина Чаир, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) 30Скопје, повикувајќи се на известување од ЈП „Водовод и канализација“.
Поради чистење на резервоарот во Батинци, водоснабдувањето во ова населено место во општина Студеничани ќе биде прекинато од 9 часот до завршување на работните активности.
Во општина Чаир, поради исклучување на стара водоводна мрежа на улицата 30Чаирска бб, без вода ќе останат корисниците од улиците 30Чаирска, 30Отокар Кершовани, 30Васил Аџиларски, 30397, 30Мимар Синан, 30Албански националдемократи и 30Петар Георгиев.
Прекинот и на овие улици ќе започне во 9 часот и ќе трае до завршување на работните активности.








