Легенда на Лејкерс отвори профил на „ОнлиФанс“ - прв во историјата на НБА: „Сите опции се отворени“

Супермен

28/10/2026

15:18

654

Големина на фонт

а а а

Поранешниот НБА-кошаркар Ламар Одом (46) се приклучи на платформата „Онлифенс“ (OnlyFans), со што, според информациите поврзани со неговиот профил, станал првата НБА-ѕвезда што се одлучила на ваков потег. Одом рекол дека претплатниците ќе имаат можност да запознаат негова страна што досега не ја виделе, како и да воспостават подиректен контакт со него, без вообичаените медиумски филтри.

„Голем дел од животот го поминав под будното око на јавноста, но верувајте ми, постои страна на Ламар Одом што сè уште не сте ја виделе“, се наведува во соопштението што Одом го објавил преку својот претставник.

„Сите опции се отворени“

Поранешниот играч на Лос Анџелес Клиперс најавил дека на неговиот профил ќе има разновидни содржини, вклучително и некои изненадувања што неговите обожаватели можеби не ги очекуваат.

„Засега нема да откривам премногу, ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и дека сите опции се отворени“, порачал тој.


Одом за „ТМЗ“, кој прв ја објави веста за неговото приклучување на платформата, изјави дека во текот на животот често носел непредвидливи одлуки и дека сè уште има неколку изненадувања за јавноста.

„Отсекогаш сум бил како отворена книга, но постојат поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, истакнал тој.

Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отворила профил на „Онлифенс“, а извор за „ТМЗ“ открил дека постои можност двајцата во иднина заедно да објавуваат содржини.

Љубовниот живот на Одом

Одом јавно ја потврдил врската со Бредли во април, кога на Инстаграм објавил видео на кое двајцата заедно влегуваат во арената „Крипто.ком“ во Лос Анџелес. Неколку дена претходно објавиле и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус.


Пред Бредли, Одом бил во врска со Лиза Моралес, со која има две деца, Дестини (28) и Ел Џеј (24). Во 2009 година се оженил со Клои Кардашијан. Нивната врска завршила со разделба во 2013 година, а разводот официјално бил финализиран во 2016 година.

Клои Кардашијан реагирала на документарниот филм

Бракот на Одом со Кардашијан повторно се најде во центарот на вниманието по документарниот филм на Нетфликс „Untold: The Death & Life of Lamar Odom“, кој премиерно бил прикажан во март. Во филмот, Одом зборувал за својот однос со Кардашијан и тврдел дека го привлекол начинот на живот на нејзиното семејство, што, како што рекол, влијаело врз неговата одлука да се ожени со Клои по само 30 дена познанство.


Кардашијан ги коментирала неговите изјави во својот поткаст, нарекувајќи ги „целосни глупости“.

„Седиш пред камерите и зборуваш дека си се оженил со мене поради славата? Молам? Се чувствувам толку глупаво. Поминав часови снимајќи го овој документарец како услуга. Не добив ниту цент. Бесна сум што воопшто сум вклучена во него“, изјавила таа во епизодата на поткастот „Khloé in Wonder Land“ на 15 април.


Одом подоцна ги коментирал нејзините тврдења во емисијата „Nothing's Off the Table“, каде што негирал дека тој изјавил оти се оженил со Кардашијан поради славата.

„Тоа никогаш не излегло од мојата уста“, изјавил поранешниот кошаркар и додал:

„Мислам дека тоа го кажале моите деца или кој и да бил интервјуиран тогаш, бидејќи, знаете... таа всушност не ми беше потребна. Во тоа време навистина никој не ми беше потребен. Непосредно пред свадбата бев во врска со врвна актерка... Кога ја запознав Клои, толку многу работи природно се поклопија“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk