[ФОТО] „Изгледа како пијана тетка“: Луѓето безмилосно го исмеваат Дрејк поради неговото најново модно издание за 40-тиот роденден

Супермен

28/10/2026

17:41

325

Големина на фонт

а а а

Дрејк го прослави својот 40-ти роденден, но овојпат вниманието на јавноста не го привлече само овој јубилеј. Имено канадскиот рапер за време на роденденскиот викенд во Њујорк се појавил во неколку необични модни комбинации, кои предизвикале бројни реакции на социјалните мрежи.

Раперот на 24 октомври влегол во петтата деценија од животот, а фотографите изминатите денови го забележале на улиците на Њујорк во неколку мошне впечатливи изданија. Додека некои обожаватели го бранат неговиот моден стил, други безмилосно се пошегуваа на негова сметка, споредувајќи го со „пијана тетка на семеен ручек“.


Меѓу модните комбинации што привлекле најголемо внимание биле кафеавото пончо со реси и јакната со леопардски дезен, која ја носел во комбинација со црни кожени панталони. Фотографиите брзо се проширија на социјалните мрежи, каде што корисниците имаа многу коментари за неговиот роденденски стил.

„Чиј плакар штотуку го ограбил?“

Особено големо внимание привлекло кафеавото пончо со реси на Дрејк. Корисниците на платформата Икс го коментираа неговиот изглед под објавата на порталот „Пејџ сикс“.

„Облечен е како мојата 60-годишна терапевтка која е лезбијка“, напишал еден корисник.

Друг додал: „Ништо повеќе не е исто откако Кендрик го ‘испече’“.

Некои, пак, повеќе се прашувале како се чувствува раперот отколку што ја коментирале неговата облека.


„Зошто изгледа толку тажно?“, напишал еден загрижен обожавател.

Друг корисник прашал: „Чиј плакар штотуку го ограбил?“, додека еден критичар го споредил неговиот изглед со тетка која претерала со алкохолот на празнична семејна прослава.

Сепак, имало и такви што го бранеле модниот избор на раперот: „Тој е вистинска ‘опасна фаца’“, напишал еден обожавател.


Друг се обидел да понуди малку посериозна анализа на неговиот изглед:

„Истовремено е и среќен и мизерен, неверојатно ситуиран, но не и богат... тоа е вистинската мера. Да, тој има во себе уште најмалку два врвни албума пред да се пензионира. Сега ми е јасно зошто постојано е во студиото“.

Во уште едно необично модно издание

Дрејк ја продолжил прославата во саботата вечерта во њујоршкиот клуб „Делила“, каде што се појавил во уште повпечатлива модна комбинација. Папараците го фотографирале во јакна од брендот „Хром Хартс“ (Chrome Hearts), украсена со леопардски дезен и црвени крстови.


Со неа комбинирал впечатливи црвени кожени панталони, бела кошула и необични чизми.

Така, неговиот роденденски стил станал една од главните теми што ја одбележале прославата, барем на социјалните мрежи, каде што се водела дебата дали Дрејк овојпат направил вистински моден избор или целосно згрешил со своите комбинации.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk