Славниот рокер покажа како вистински маж се однесува кон жена: И по 26 години заеднички живот ништо не зема здраво за готово, постојано ѝ приредува прекрасни изненадувања на сопругата

Супермен

04/11/2026

10:17

497

Големина на фонт

а а а

Легендарниот британски рокер Род Стјуарт (81) уште еднаш покажа дека романтиката не познава години. Познатиот музичар одлучил да ја израдува својата сопруга Пени Ланкастер (55) со луксузен шопинг во Лондон, а нивното заедничко појавување го привлекло вниманието на минувачите. Иако се во брак речиси две децении, се чини дека нивната љубов не ја губи својата сила.

Парот уживал во шопингот

Парот уживал во шопинг на познатата лондонска улица Бонд стрит, позната по ексклузивните бутици и најпрестижните светски модни брендови.


Особено долго се задржале во бутикот на италијанската модна куќа „Етро“, каде што вниманието им го привлекле луксузните женски чанти, па Стјуарт ѝ купил една на сопругата.


Стјуарт, кој во текот на својата повеќедецениска кариера стекнал огромно богатство, очигледно ужива на својата избраничка да ѝ приредува посебни моменти.

Успеале да изградат стабилна врска и покрај разликата во годините

Нивната љубовна приказна започнала кон крајот на деведесеттите години, кога Пени, тогаш манекенка и фотографка, го запознала познатиот музичар. И покрај големата разлика во годините, успеале да изградат стабилна врска, а се венчале во 2007 година во Италија.


Заедно имаат два сина, Аластер и Ејден, додека Род од претходните врски има уште шест деца. Со текот на годините, Пени станала една од најголемите поддршки во неговиот живот, придружувајќи го низ бројните професионални и приватни предизвици.

Иако веќе зачекорил во деветтата деценија од животот, познатиот рокер не се откажува од музиката и настапите. За 2027 година е најавена неговата проштална турнеја под наслов „The Final Encore“, која би требало да опфати концерти во Ирска, Велика Британија и други европски земји.


Еден од планираните настапи е закажан за 15 јуни во норвешкиот град Берген, што има посебно значење за него и неговата сопруга.

Имено, само еден ден по тој концерт, на 16 јуни 2027 година, Род и Пени ќе прослават 20 години брак. Тоа ќе биде уште еден голем јубилеј за парот кој успеал да ја зачува љубовта и покрај славата, големата разлика во годините и динамичниот живот на светска музичка ѕвезда.


Ако се суди според нивниот неодамнешен заеднички шопинг, Род и понатаму наоѓа начини да ја изненади и израдува жената со која поминал речиси две децении во брак.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk