[ФОТО] Жената која предизвикува најмногу контроверзии: Овојпат ги сруши границите во комбинезон раскопчан до „непријатно“ место

Супермен

05/11/2026

14:17

1.058

Големина на фонт

а а а

На Бјанка Ценсори не ѝ е гајле за јавните осуди, па дури и избира екстравагантни облеки за семејни настани, а многумина веруваат дека овојпат претерала. Се согласувате ли?

Австралиската архитектка и сопруга на раперот Канје Вест, контроверзната Бјанка Ценсори, која не се грижи за осудата од јавноста поради бизарниот начин на облекување и модните скандали што доаѓаат еден по друг, повторно крена огромна прашина во јавноста откако се појави на модната ревија на брендот „Yeezy“ во Лос Анџелес во издание кое малку остава простор за имагинација.


Бјанка, која со години е позната по своите ексцентрични и исклучително провокативни модни експерименти, овојпат прошетала во тесен комбинезон во боја на кожа.

Главниот детаљ од облеката - длабок патент расклопен до интимната зона - создаде деколте од кое буквално ќе ви се сврти главата.


Таа го „зачини“ целиот аутфит со високи чизми со врвки, докажувајќи уште еднаш дека никогаш не можеме да очекуваме „обичен“ аутфит од неа.

Модниот настан беше вистинска семејна традиција за Канје Вест, бидејќи неговите деца, вклучувајќи ја и неговата тринаесетгодишна ќерка Норт Вест, од бракот со Ким Кардашијан, ја гледаа ревијата од првиот ред.


Додека некои го критикуваат овој стил и дискутираат за границите на јавната пристојност, Бјанка продолжува да ги диктира своите модни правила, а нејзините провокативни модни изданија редовно стануваат главна тема на светските медиуми.

И ако мислевте дека границата помеѓу високата мода и чистиот бизарен стил е веќе достигната, Бјанка успеа повторно да изненади...


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk