[ФОТО] Оваа дестинација е хит и после летото: Ниски цени, блага клима и помалку метеж

Точка

08/11/2026

08:53

1.210

Големина на фонт

а а а

Италија, покрај Шпанија, е најпопуларната дестинација за есенски одмори меѓу Европејците, а најновите податоци од туристичката организација „Konfturizmo Konfkom“ покажуваат дека секој трет турист ја избрал таа земја, објавува Анса.

Според податоците на оваа организација, лидерот во италијанскиот туристички сектор, го дели првото место со Шпанија, пред Грција, Франција и Португалија.

Според извештаите, 28 проценти од европските туристи ги избрале овие две земји, додека Грција ја избрале 20 проценти, Франција 17 проценти, а Португалија 16 проценти од Европејците.


Европските туристи во Италија се привлечени, пред сè, од пониските цени и поповолните понуди во споредба со летната сезона, што го навеле 31 процент од испитаниците како причина. Како други причини, 29 проценти од анкетираните ја навеле пријатната и блага клима, додека 24 проценти рекле дека ги привлекле помалку полните туристички места.

За 21 процент од испитаниците, важен е подобар сооднос на цената и квалитетот во споредба со другите европски дестинации, додека ист број од нив ја ценат можноста да посетат градови на уметност, музеи и културни знаменитости во поголем мир, објави Анса.


Според резултатите од истражувањето, 14 проценти од испитаниците изјавиле дека одлучиле да одат во Италија поради можноста да поминат уште неколку дена на море благодарение на благата клима, а овој аспект е особено важен за германските туристи, меѓу кои тој удел се искачува на 21 процент.

Претседателот на „Konfturismo-Konfcom“, Манфред Пинцгер, изјавил дека есента може да претставува одлична можност за италијанскиот туризам.


Според него, податоците покажуваат дека Европејците сè повеќе бараат квалитетни искуства, прифатливи цени и дестинации каде што нема големи гужви, а Италија ги има сите квалитети да одговори на ова барање, благодарение на исклучителната разновидност на својата понуда.

„Неопходно е да се валоризира ова наследство надвор од летните месеци, поттикнувајќи порамномерна распределба на туристичките текови во текот на целата година и создавајќи нови можности за развој за локалните средини и бизнисите во овој сектор“, заклучил Пинцгер.