[ФОТО] Поранешната сопруга на Нојер по разводот сподели објава: „Да изневериш бремена жена е посебно ниво на зло“

Супермен

26/11/2026

18:26

774

Големина на фонт

а а а

Мануел Нојер (40), голманот на Баерн и неговата сопруга Аника (26), се разведоа пред две недели, а веста ја шокираше германската јавност. Причината е тоа што легендарниот голман на Баерн и на репрезентацијата на Германија и неговата сопруга важеа за пример за хармоничен пар.

Нивната разделба беше дополнително големо изненадување бидејќи се случи само неколку месеци откако парот го доби своето второ дете.

Германија остана шокирана од разводот на „идеалниот пар“

Семејната среќа од крајот на август, кога на двегодишниот син Лука му се придружи помладиот брат, очигледно не била доволна за да се спаси бракот. Досега ниту една од страните не се огласила во врска со деталите за разделбата. „Bild“ се обидел да добие коментар од Нојер, но тој одбил да зборува за ситуацијата. Неговиот советник за односи со јавноста соопштил дека голманот не сака да изнесува детали од својот приватен и семеен живот. Сепак, сега молчењето го прекина Аника Нојер. На ТикТок таа повторно споделила објава:

„Да изневериш бремена жена е посебно ниво на зло.


Замисли да гледаш жена што го носи твоето дете, да набљудуваш како ѝ се менува телото, да гледаш како се мачи, се заморува и минува низ сè што носи бременоста, а и покрај сето тоа да имаш образ тајно да ја изневериш.

Таа го носи ТВОЕТО дете, додека ти во меѓувреме бараш внимание и друштво на друга жена. Жената која треба да се чувствува сакано, заштитено и поддржано, наместо тоа, мора да се справува со болката што си ѝ ја нанел ти.

Тоа не е „грешка“. Тоа е избор. Себичен, бесчувствителен и несовесен избор.

Ако можеш да ја изневериш жената што го носи твоето дете, и тоа во моментот кога си ѝ најпотребен, тогаш не ти недостига само верност, туку и основна пристојност и почит.

ОДВРАТНО“.

Краток брак по раскошната свадба

Парот се венчаше пред околу година и пол, во јули 2025 година, на раскошна церемонија во Јужен Тирол. Прославата траела неколку дена, а вклучувала дружења на брегот на езерото Калтерн и забави со музика и танцување.


Граѓански брак склучиле уште во ноември 2023 година, на скромна церемонија во градското собрание во Тегернзе, далеку од очите на јавноста. Медиумите дознаа за нивната врска дури откако Аника на Инстаграм го променила презимето од Бисел во Нојер.

Нојер веднаш по разводот заминал во Бразил со 23-годишна физиотерапевтка

Нојер веднаш по разводот заминал во Бразил со друга жена. Станува збор за 23-годишна физиотерапевтка која работи за германскиот голман, пишуваат медиумите повикувајќи се на извори блиски до клубот. Нивниот однос, наводно, веќе извесно време е повеќе од професионален. „Bild“ тврди дека парот е близок веќе со месеци и дека врската не започнала за време на неодамнешното патување во Бразил. Откриено е и дека кон крајот на септември заедно престојувале на Сицилија.

Според пишувањето на весникот, најспорен е моментот во кој дошло до прекинување на бракот. Нојер, наводно, ѝ соопштил на Аника дека сака развод само неколку дена откако кон крајот на август го добиле своето второ дете.

Таа, како што се наведува, уште тогаш знаела за неговото познанство со друга жена. Заедничките пријатели и семејството на Аника се шокирани и огорчени од начинот на кој голманот на Баерн ја извел разделбата. Извори велат дека на Аника во моментов приоритет ѝ е благосостојбата на нејзините две мали деца.


Низа љубовни разделби

Ова не е првпат љубовниот живот на Нојер да се најде во центарот на вниманието. Неговиот прв брак, со јавачката Нина Нојер, завршил со развод. Се венчале во 2017 година, а се разделиле три години подоцна. Пред бракот со Аника, голманот ја прекинал и долгогодишната врска со Катрин Гилх, со која бил пет години и планирал заедничка иднина.

Катрин го придружувала на Светското првенство во Бразил во 2014 година, каде што заедно со него на теренот ја прослави освоената титула. Набргу потоа, агентот на Нојер само накратко соопштил дека двајцата се разделиле и порачал дека деталите се приватна работа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk