Маж пронајден починат во семејниот дом во Волково

Макфакс

29/11/2026

16:50

760

Големина на фонт

а а а

Педесет и осумгодишен маж од Скопје бил пронајден починат во семејниот дом во скопското село Волково.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 28 ноември во 14:50 часот. Лекар излегол на местото и констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на Институтот за судска медицина за обдукција, со која треба да се утврдат причините за смртта.