Напуштен аеродром ќе стане град каде ќе живеат 50.000 луѓе?

Напуштен аеродром во Канада ќе се трансформира во одржлив град вреден 30 милијарди долари. Аеродромот „Downsview“ во северозападен Торонто поминал низ неколку трансформации во текот на својата историја. Првиот аеродром бил изграден пред околу 100 години, а за време на Втората светска војна станал центар на производство на воени авиони.