Симона Поповска со нова песна: Емотивна балада посветена на прифаќањето дека си станал „Небитен“ за некој кој ти е сè
Симона Поповска на јавноста ѝ ја претстави својата нова емотивна поп-балада насловена „Небитен“. Станува збор за композиција која ја раскажува приказната за моментот кога сфаќаме дека сме станале небитни за некој што сè уште ни значи.