Овој филм на Нетфликс ќе ве убеди дека сè во животот е можно! Приказната го следи човекот кој во 6 месеци го направил она за што на другите им биле потребни 8 години

Кога некој за помалку од седум месеци го постигнува она што на претходниот рекордер му требало речиси осум години, јасно е дека таквата приказна ја надминува границата на спортот и станува материјал за филм. Токму тоа се случи, па веќе подолго време на „Netflix“ можеме да го погледнеме извонредниот документарен филм „14 врвови: Ништо не е невозможно“ (14 Peaks: Nothing Is Impossible).