Скриениот рај на ова македонско езеро: Плажата од школки што ретко кој ја знае

Македонија има многу скриени природни богатства, а едно од нив се крие далеку од гужвите и масовниот туризам – малата, но фасцинантна „Плажа на школките“ во преспанскиот регион. Оваа плажа, сместена во селото Коњско, на самиот брег на Преспанско Езеро, важи за вистински мал рај во Македонија. Позната и како „Плажата од школки“, таа го добила името по специфичниот брег покриен со ситни школки, што ѝ дава уникатен изглед и посебен шарм.