Една од најретките и најчудните ајкули на светот снимена жива во природно живеалиште: „Ова е единствена привилегија“
Една од најнеобичните и најгрдите ајкули во светот е фотографирана жива во своето природно живеалиште за првпат, според нова студија објавена во „Journal of Fish Biology“. Гоблин ајкулата (Mitsukurina owstoni) била забележана во 2019 година за време на експедиција од страна на тим од Универзитетот на Хаваи во Маноа во близина на островот Џарвис во јужниот дел на Тихиот Океан.








