Погледнете ја кујната-чудо од 1949 година: Има нешто помодерно од денешните
Снимка стара речиси осум децении повторно стана хит на социјалните мрежи, а причината не е никаков историски настан ниту позната личност. Главната улога ја има кујната. Архивската снимка од 1949 година прикажува простор кој е толку добро осмислен што многумина денес се прашуваат како е возможно пред повеќе од 75 години некој да осмисли кујна која е пофункционална од современите. Станува збор за концепт познат како „кујна-чудо“, футуристички проект кој го претставиле „Вирпул“ и „Џенерал моторс“ во рамките на тогашните изложби посветени на домот на иднината.








