„Peugeot“ направи електричен ѕвер со 827 коњски сили: До 300 км/ч за само 16 секунди!

„Peugeot E-T16 Concept“ носи три електромотори, 827 КС и дизајн инспириран од легендарниот модел „205 T16“ од Групата Б на рели-натпреварувањата. Оваа екстремна студија најавува и технологии кои би можеле да се појават во идните сериски модели на францускиот производител.