„Јован (7) беше во кома, сите се откажаа од него – денес е здраво 20-годишно момче“: Д-р Софијанова за најтешкиот и најемотивен случај во кариерата
Еден од најтешките, но истовремено и најголемите професионални успеси во кариерата на д-р Аспазија Софијанова е случајот со малиот Јован, кој на само седумгодишна возраст се соочил со ретка и исклучително сериозна дијагноза – автоимун енцефалитис.