Јутјуберот Цанов објави пораки со Михаилова и мајка ѝ – го молеле да ја повлече снимката за ДАНС или „сите ќе умрат уште вечерва“

Бугарскиот јутјубер Станислав Цанов објави ново видео во кое презентира пораки и делови од телефонски разговори со Ива Михаилова и мајка ѝ Христина тврдејќи дека тие се обидувале да го убедат да ја повлече претходно објавената снимка за наводните притисоци од бугарската Државна агенција за национална безбедност (ДАНС).