Зошто облакодерите во Хонг Конг имаат дупки?

Точка

25/03/2017

15:46

8.460

Големина на фонт

а а а

Легендата вели дека облакодерите без дупки имаат проблеми – лифтовите често се расипуваат и околу нив сè тргнува на лошо.

Бројни облакодери во Хонг Конг имаат дупки кои на прв поглед се спротивставуваат на здравиот разум. Зошто некој би ја ослабел структурата на самата зграда со поставување на големи дупки во средината?


Како што пишува порталот 99percentinvisible, станува збор за древната кинеска филозофија - фенг шуи, која е одговорна токму за таквите дупки наречени “змејска врата”. Кинеската митологија вели дека секој ден, змејовите се движеле од планините кон морето за да се напијат вода, а големите згради им го попречувале патот. Во Кина, змејовите се сметаат за суштества кои носат среќа, а фактот дека им се попречува патот кон водата – носи несреќа. Токму поради тоа, архитектите поставуваат големи дупки во зградите, кои се во склад со филозофијата на фенг шуито.

“Западните скептици се потсмеваат на ваквото верување, но во Хонг Конг ова е сериозна работа”, вели Меган Белт.


Урбаните легенди велат дека во седиштето на банката HSBC, кое било изградено во осумдесеттите, дури ни лифтовите не се движеле правилно поради суеверието дека злите духови се движат само во рамна линија.


Од друга страна, кулата на Кинеската банка е преполна со рамни линии, а поради тоа многумина сметаат дека наликува на штрафцигер кој го извлекува богатството од Хонг Конг. Поради лошиот фенг шуи на зградата, таа се смета дека носи лоша среќа, па затоа е празна во поголемиот дел од годината. Се вели и дека кулата со своите многу остри рабови пренесува негативна енергија и врз бизнисите околу неа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk