Минијатурната и еколошки прифатливата машина Drumi Ви носи нов начин на перење на алиштата.
Преносната машина под името Drumi овозможува перење на алиштата без користење на електрична енергија, а работи со помош на движење со ногата, односно стапалото. Со помош на Drumi, можете многу едноставно да исперете неколку парчиња облека без потреба од електрична енергија, генератор или соларни панели. Перењето на алиштата односно вртењето на барабанот го врши нејзиниот корисник со помош на ножна педала.
Преносната машина е доволно мала и лесна, а со тоа без проблем може да се пренесува во багажникот на автомобилот, што ја прави идеална за сите кои сакаат долги излети во природа, но исто толку корисна може да биде и за студенти, како и за луѓе кои често се селат и живеат во мали домови.
Drumi во истовреме може да испере до седум парчиња облека, а сè што е потребно се пет литри вода и детергент. По помалку од 10 минути, перењето е завршено, а со тоа и Вашата мини вежба. Со едноставен притисок на копчето се активира одводен вентил со кој се испушта валканата вода по перењето, а потоа со истиот принцип на стискање на ножната педала, машината нуди и сушење на облеката.
Освен што е практична, Drumi е 40% направена од рециклирачки материјал, а нејзината цена изнесува 299 долари.