Во брзиот свет на социјалните мрежи, не е потребно многу една објава да прерасне во вистинска вирална сензација. Во текот на последните неколку дена, една таква вест доминираше: „‘Gucci’ продава пелени за бебиња по цена од речиси 500 евра“. Ова тврдење истовремено предизвика гнев, забава и неверување, а многумина ги натера да се запрашаат до каде може да оди луксузната мода.
Гласините сугерираа дека „Gucci“ го проширил својот асортиман на висока мода, познат по премиум материјали како кашмир и впечатливи луксузни детали, на производи за нега на бебиња, конкретно пелени со запрепастувачка цена.
Не е изненадувачки што интернетот реагираше моментално. Социјалните мрежи беа преплавени, корисниците се шегуваа на тема „дизајнерски бебиња“ и ја доведуваа во прашање практичноста и здравиот разум на таков производ. Фразата „Gucci пелени“ брзо стана тренд, засилена од инфлуенсери и богати луѓе. За да биде уште поинтересно, во пакувањето има само 7 пелени.
Миливоје Ѓорѓиќ, експерт од областа на маркетингот, гостуваше во емисијата „150 minuta“ на српската Прва и притоа призна дека е „малку изненаден“.
„Ова е сè почеста појава на пазарот од едноставна причина што зад тие работи не стојат само профитабилни активности, туку тоа сега е огромна доза на имиџ кој се гради преку ноќ за тие компании и се создава ефект да се зборува за тоа. „Gucci“ тоа го прави многу паметно, како и други големи брендови како „Balenciaga“, која извади пластична кеса од 1.200 долари, а која изгледа исто како онаа од продавница, која ја добиваме бесплатно. Тоа веројатно е за пазари како Обединетите Арапски Емирати или за супер богати луѓе.
Ние пресметувавме и видовме дека во светот има околу 30.000 супер богати луѓе со богатство над 100 милиони евра или долари. Потоа рековме – ако секој десетти е купувач на овие „Gucci“ пелени и пресметавме дека бебињата во просек трошат дневно околу 7 до 10 пелени, тие за време на користењето на пелени, на тие „Gucci“ пелени ќе потрошат 420.000 долари. И кога ќе ги помножите сите тие супер богати луѓе, „Gucci“ би продал околу една милијарда и 260 милиони од тие пелени“, рече експертот од областа на маркетингот.

„Gucci“ лансираше и торба за мајки.
„Тие торби се распродадени, а торбата чини 2.000 долари. Јас верувам дека во позадината на таа одлука на „Gucci“ да направи пелени, не било само да се создаде супериорен луксузен имиџ, туку сфатиле дека можат да направат сериозен профит. Не е скапо да се направи пелена. Најквалитетната пелена чини 50 динари по парче моментално на нашиот пазар. Можете ли да замислите колку во производството тие пелени можат да чинат?“, рече Ѓорѓиќ.