Како изгледа најголемиот и најскап 4К телевизор на светот?

Точка

15/06/2017

12:54

3.234

Големина на фонт

а а а

Австриската компанија C SEED, произведувач на луксузна електроника, го претстави најголемиот 4К телевизор на светот.

Технолошките иноватори, овојпат се насочиле кон затворениот простор и создале вистинска кинематографска забава во ширина од 6,14 метри и висина од 2,57 метри. 

Телевизорот C Seed е најголемиот и најскап телевизор на светот, со импресивна дијагонала на екранот од 262 инча. Овој огромен телевизор е наменет за купувачите со “подлабок џеб”, со оглед на тоа што неговата цена изнесува вртоглави 539.000 американски долари. Инсталацијата на програмот за управување со уредот чини дополнителни 38.500 долари.  


Телевизорот располага со LED TV екран со црна LED технологија за поголем контраст, висока резолуција на сликата од 4096 х 1716 пиксели, максимална светлина од 800 нити (cd/m2), најнова UHD технологија за уште подинамична слика и спектар од бои, кој е многу поразвиен од вообичаените телевизори. 

Од другите карактеристики вреди да се истакнат десетте интегрирани звучници за кино звук, како и луксузнaта моторизиранa завеса која го покрива телевизорот кога тој не се користи.


Оние кои ќе се одлучат да го купат овој уред, треба да си набават цврст носач за ѕид бидејќи истиот тежи 798 килограми.

Телевизорот ќе биде достапен веќе од ова лето, а сите оние кои сакаат луксузна забава, деталите можат да ги пронајдат на официјалната страна на C SEED.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk