Почеток на крајот за Фејсбук?: Милијардерот ги избриша страниците на своите компании од социјалната мрежа

Точка

26/03/2018

10:21

2.155

Големина на фонт

а а а

Илон Маск ги избриша официјалните страници на своите компании Tesla и SpaceX на Фејсбук, иако секоја од нив имала околу 2,6 милиони следбеници.

Во склоп на кампањата #DeleteFacebook (Избришете го Фејсбук), отпочната поради скандалот со крадење на податоци на 50 милиони луѓе, Илон Маск во петокот најавил дека ќе ги избрише официјалните страници на компаниите, по што и го направил тоа. 


Милијардерот ветил дека ќе ги избрише Фејсбук страниците откако на Твитер ја коментирал одлуката на компанијата Сонос да ги отстрани своите реклами од оваа платформа на една недела.

На неговиот коментар одговорил Брајан Екшн, соосновач на апликацијата WhatsApp, чиј сопственик е сега Фејсбук.

“Избриши ја страницата на SpaceX од Фејсбук ако си човек”, порачал Маск.

Откако Маск одговорил дека не ни знае дека постои официјална страница на SpaceX на Фејсбук, тој ја избришал заедно со страницата на компанијата Tesla.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk